Connect with us

Други спортови

Новак Ѓоковиќ стигна до 1000-та победа!

Новак Ѓоковиќ го победи Каспер Руд во второто полуфинале на Мастерсот во Рим.

Ѓоковиќ игра се подобро, а против Руд премногу лесно дојде до победа. Тој славеше во два сета, со 6:4, 6:3.

 

Српскиот тенисер бесно го отвори мечот, поведе со 4:0 со два брејка, Норвежанецот успеа да врати еден, но немаше сили дополнително да ги искомплицира работите во првиот сет.

 

Во вториот сет Руд беше за нијанса подобар, во првите шест гема остана рамноправен со Новак, а во седмиот првиот тенисер на светот користи една од четирите брејк топки и стигнува до 4:3, па сигурно сервира за 5:3 и беше јасно дека играме уште едно финале.

 

За Ѓоковиќ ова ќе биде 12-то финале во Рим, а во Вечниот град досега славеше пет пати, последен пат во 2020 година кога го совлада Диего Шварцман.

 

Во финалето утре ќе играат против Стефанос Циципас, кој претходно денеска во три сета го совлада Германецот Александар Зверев.

 

Да додадеме дека Новак против Руд стигна до 1000. победа на АТП турнирите.