Connect with us

Други спортови

Новак Ѓоковиќ убедлив на стартот на Завршниот турнир

Новак Ѓоковиќ беше убедлив против Диего Шварцман на стартот на Завршниот турнир во Лондон.

Ѓоковиќ го победи искусниот Аргентинец со 6:3, 6:2 за само 1 час и 20 минути игра, а тоа беше шеста победа на Новак во исто толку натпревари против денешниот ривал.

Новак на следниот натпревар во среда ќе игра против Данило Медведев или Александар Зверев.

Зверев и Медведев ќе го завршат првиот круг од Групата „Токио 1970“ во 21 часот.