Connect with us

Други спортови

Новак Ѓоковиќ заврши во притвор!

Најдобриот тенисер на светот се наоѓа на аеродромот во Мелбурн каде ги убедува цариниците да го пуштат во сојузната држава Викторија. Новак Ѓоковиќ би требало да го продолжи патот на првиот Грен слем сезонава, но засега не може да ја мине граничната контрола.

Локалните власти тврдат дека не ја добил визата на вистински начин, а Новак моментално е во некаков притвор! Како што изјави Срѓан Ѓоковиќ за Б92, Новак е во соба која ја чуваат двајца полицајци и никој не може да влезе во него.

Драмата во која е Новак Ѓоковиќ трае со часови, а во Мелбурн пристигнал половина час пред полноќ. Тој е на аеродромот во изминатите неколку часа, бидејќи не смее да влезе во сојузната држава бидејќи е невакциниран, а нема соодветна виза.

Како една од опциите се споменува депортирање на најдобриот играч на светот.

Новак би можел да биде пуштен да влезе во сојузната држава Викторија, но само доколку покаже валиден документ дека поради медицински причини не смее да прими вакцина против Ковид 19.

Реклама

Facebook

Реклама