Други спортови
Новак Ѓоковиќ знаел и да пее (ВИДЕО)
Новак Ѓоковиќ деновиве одмара во Белград, а најдобриот светски тенисер ја искористи приликата да ја прослави неодамна освоената титула на Австралија опен, неговиот 22. Грен слем во родниот град. На забавата имало и познати личности – меѓу нив и Саво Милошевиќ, кој му пеел на уво на Новак, а српскиот тенисер морал да го земе микрофонот.
Новак во моменти на големо славење реши да пее, а текстот и го посвети на сопругата Јелена. На репертоарот беше песната „Јелена“, која своевремено ја напиша Тома Здравковиќ.