Други спортови
Новак има огромна поддршка во Австралија!
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа во австралискиот град Аделаида каде утре се очекува да го започне натпреварувањето на првиот турнир годинава и да се подготви за Австралија опен кој е на програмата од 16 до 29 јануари.
Минатата година од познати причини Ѓоковиќ не можеше да ја одбрани титулата на првиот Грен слем годинава и да го нападне 10. трофеј во Мелбурн, но овојпат ќе игра на Австралија Опен.
Австралискиот тенисер, минатогодишниот шампион на Аделаида, Алексис Кокинакис зборуваше за враќањето на Новак во Австралија и истакна дека Србинот има огромна поддршка во оваа земја.
„Новак има огромна поддршка во Австралија. Добро се снајде на Австралија опен. Сигурно е дека би можеле повторно да го гледаме шоуто на Ѓоковиќ, но има многу способни играчи кои можат да ја освојат титулата“, смета Кокинакис.
Ѓоковиќ утре во три часот по полноќ по наше време ќе го одигра првиот сингл меч на турнирот во Аделаида против Французинот Констант Лестиен.