Други спортови
Новак: Среќен сум, оваа вест е олеснување
Новак Ѓоковиќ повеќе нема забрана за влез во Австралија и тоа всушност е дополнителна добра вест за српскиот тенисер покрај пласманот во полуфиналето на завршниот Мастерс.
„Бев многу среќен кога ја добив веста. Олеснување е по се што поминавме јас и моите блиски луѓе оваа година во Австралија после тоа. Дали тоа влијаеше на мојата игра денес? Би сакал да верувам, зошто да не? Сепак, мислам дека не е премногу, бидејќи знам како да се подготвам за мечот“, изјави Новак по веста дека ќе може да отпатува за Австралија во 2023 година по мечот со Андреј Рубљов во Торино.
„Сега кога се е јасно, знам како да ги организирам подготовките, па притисокот е отстранет од мене и мојот тим. Отвореното првенство на Австралија е мојот најуспешен слем, таму имам прекрасни спомени и секако сакам да се вратам таму да играм тенис“.
И после сите успеси, гладот сè уште постои.
„Секогаш имам што да докажам – прво на себе, а потоа на другите. Секогаш кога ќе излеземе на теренот, погледите се вперени во нас, има очекувања. Имав навистина добра кариера и секогаш се очекува најмногу, тоа е голем притисок. Не е лесно да се справиш со тоа, но тоа е привилегија на оваа позиција. Сакам да продолжам. Не чувствувам дека крајот е близу, бидејќи се чувствувам добро психички и физички. Мотивиран сум, ќе продолжам да работам“, заврши Ѓоковиќ.