Connect with us

Други спортови

Новак за проблемите со нозете, има ли причина за грижа?

Петтиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ денеска по пласманот во второто коло на Австралија опен изјави дека повеќе од една недела има болки во бутот, но додаде дека „ногата е во ред“.

Ѓоковиќ денеска се пласираше во второто коло на Австралија опен, победувајќи го Шпанецот Роберто Карбаљес со 3:0.

„Сè уште не е идеално, но полека одам кон него. Денеска беше добар тест. Не тренирав многу во последните неколку дена што се однесува до тенисот“, рече Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ денеска се врати на Австралија опен, бидејќи минатата година не учествуваше бидејќи не беше вакциниран против корона вирусот.

„Многу сум среќен бидејќи ногата беше во ред во текот на целиот натпревар. Тоа е добар знак. На почетокот бев малку напнат, а и психички, бидејќи се обидував да ја заштитам ногата од нешто што ме мачи веќе десет дена. Така што ми требаше малку време навистина да влезам. Колку подолго траеше натпреварот, толку подобро се чувствував и подобро се движев“, рече Ѓоковиќ.