Фудбал
Новата Лига на шампиони со 36 тима и без досегашната групна фаза!
Новата Лига на шампионите од 2024 година веќе извесно е дека ќе продолжи со 36 тима, со „швајцарски модел“ и без досегашната групна фаза, потврди газдата на Јувентус, Андреа Ањели, претседателот на Европската клупска асоцијација (ЕКА).
Доколку овој предлог биде усвоен, тоа ќе значи дека клубовите нема да бидат поделени во групни фази. Имено, секој тим би играл против 10 ривали, кои би ги добиле на ждрепката пред почетокот на натпреварувањето. Наместо претходните 16, осум клуба би оделе во нокаут фаза, додека клубовите рангирани помеѓу осмото и 24-то место би се натпреварувале во плејофот за т.н. класичното осминафинале.
Овој формат би вклучувал 36, наместо претходните 32 клуба и би бил далеку подинамичен, но и со многу погуст распоред од порано.