Други спортови
Новата сезона во Формула 1 започнува со две трки на иста патека?
Пандемијата на Коронавирус не ја заобиколи ниту Формула 1, а деветтата трка сезонава, или Гран-при на Канада, беше откажана синоќа.
Според германскиот „Auto Motor und Sport“, новата сезона во Формула 1 најверојатно ќе започне во јули со две трки на стазата на Ред Бул Ринг во Спилберг, Австралија.
Австриските власти попуштија со строгите мерки, со што шефовите на тимовите се сигурни дека новата сезона ќе започне во Австрија затоа што сакаат да избегнат проблеми со спонзори и носителите на ТВ права.
Првото ГН на Австрија треба да се одржи на 5 јули. Две недели подоцна, закажана е трката за ГН на Велика Британија во Силверстон, а предвидена е уште е трка во Австрија во слободниот викенд помеѓу двете претходно закажани трки.
Организаторите на Формула 1 планираат да одржат меѓу 15 и 18 трки оваа сезона, а за некои одложени трки ќе се бараат последователни датуми.