Кошарка
Новата ѕвезда на Партизан, ја давел и ѝ кршел ребра на девојката…
Поранешниот НБА кошаркар на Милвоки Бакс, Бруклин Нетс и Хјустон Рокетс, Родионс Курукс, денес потпиша двогодишен договор со Партизан
Под водство на најтрофејниот европски тренер, Жељко Обрадовиќ ќе се обиде да ја врати старата слава.
Имено Летонецот играше за Рига и Барселона по што во 2018 година се пресели во НБА каде беше избран како 40 пик на драфтот од страна на Бруклин Нетс. Тука се задржа до 2021 по што имаше кратки епизоди во Хјустон Рокетс и Милвоки Бакс пред сега да слета во Белград.
Српските медиуми денеска информираат дека Курукс во 2019 година бил уапсен, а подоцна и осуден за давење на тогашната девојка, која двапати ѝ удрил шлаканица, ја гризнал за усната и ја фрлила на креветот при што ѝ скршил две ребра. Истовреме, пред физичкиот напад, тој се заканувал дека ќе се самоубие и дека дури и земал нож за да го стори тоа, по што гневот го насочил кон девојката. Тој бил прогласен за виновен и му било одредено да мине низ 16-неделен програм за спречување на насилството.