Connect with us

Други спортови

Нови 10.000 евра награда за Дејан Георгиевски и месечна стипендија од 1000 долари

Олимпискиот комитет на Северна Македонија дополнително ќе даде финансиска награда за Дејан Георгиевски кој освои сребрен медал на ОИ во Токио во таекводндо во категоријата +80 килограми. Финансиската еднократна награда ќе изнесува 10.000 евра. Дополнително Олимпискиот комитет ќе обезбеди максимална стипендија за Дејан за следните Олимписки игри во Париз 2024 во износ од 1.000 УСД месечно.

Како што е познато, претходно Владата одлучи да го награди со еднократна парична награда од 30.000 евра.