Connect with us

Тајмаут

Нови детали за трагичната несреќа: Брајант како да тргна кон смртта

Легендарниот кошаркар Коби Брајант го загуби животот во хеликоптерска несреќа во близина на Лос Анџелес.
Се чинеше дека Брајант се упати кон неговата смрт. Поради лошите временски услови, локалната полиција ги спушти сите нивни хеликоптери додека Коби реши да патува на сопствен ризик.

На крајот следуваше трагичен епилог. Загинаа сите девет патници. Покрај Брајант, неговата 13-годишна ќерка Џиана, животот го изгубија уште седум други лица.

Почна и истрагата за тоа што ја предизвика несреќата. Националниот совет за безбедност при патување е одговорен за испитување на случајот и барање на причина. Ова може да трае до една година.

Портпаролот на полицијата во Лос Анџелес, Jош Рубенштајн изјави дека е решено да не летаат поради густа магла и слаба видливост.

„Временските услови не ги исполнија минималните стандарди за лет. Беше таква магла што не летавме“, рече тој.

Инаку, минималната видливост за летање кон ЛАПД треба да биде 3,2 километри.