Connect with us

Фудбал

Нови фотографии од тренингот, многумина се прашуваат што се случува со косата на Вејн Руни

Искусниот англиски напаѓач Вејн Руни реши да се врати во Англија на почетокот од оваа година по авантурата во американскиот МЛС.

Руни го напушти ДК Јунајтед и на изненадување на многумина потпиша за Дерби каде до паузата одигра 15 натпревари и успеа да постигне четири гола.

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед деновиве се најде во центарот на вниманието, но не заради фудбалот, туку заради неговиот изглед.

Познато е дека Руни двапати трансплантирал косата бидејќи ја изгубил косата пред десетина години. Но, Руни повторно има проблеми и изгледа дека би можел да има операција по трет пат.

На денешниот тренинг на Дерби, Руни беше во центарот на вниманието на фоторепортерите токму поради неговата коса.