Фудбал
Нови лудории на славниот Италијанец: Балотели со хај-кик врз соиграчот (ВИДЕО)
Италијанскиот напаѓач Марио Балотели моментално игра фудбал во Турција каде е член на Адана Демирспор.
31-годишниот играч игра многу добро во дресот на овој тим, но без неговите лудории едноставно не може.
Така вчера во големиот триумф на неговиот тим над Галатастарај од 2:0, тој со хај-кик му честиташе на головите на својот соиграч Јунус Акгун.
Акгун за пет минути постигна два гола, а Балотели му честиташе на начин на кој само тој може.
Неговиот соиграч не замери што се вели во изјавата по натпреварот.
„Балотели е неверојатна личност. И јас не очекував дека ќе ме удри. Се сакаме“, рекол насмеаниот Акгун.
Балотели има седум гола и четири асистенции на 19 натпревари оваа сезона и е вистински лидер на теренот со тимот на Демирспор.
Неговиот тим игра одлично и моментално се наоѓа на четвртата позиција во турската Суперлига со 29 освоени бодови.