Connect with us

Фудбал

Нови правила во Манчестер Јунајтед

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг веќе почна да ги наметнува своите методи и разбирање за фудбалот во работата со тимот. „Црвените ѓаволи“ ги започнаа подготовките пред една недела и веќе се чувствува ветерот на промени во клубот. 

Холандскиот тренер сака да се погрижи тимот повторно да почне да игра атрактивен и напаѓачки фудбал. Друга важна задача е да се изгради тимски дух и да се врати моралот кај играчите. Затоа тој има неколку конкретни правила кои ги поставил на тренинзите, пишува „Сан“.

Тука се:

  • Страничните и задните додавања нема да се толерираат. За таа цел, тренерот ги отстранува од тренинзите играчите кои премногу често не поминуваат напред.
  • Фудбалерите треба да ја подобрат својата физичка кондиција и тој не сака повеќе да ги гледа неприфатливите гестови и говорот на телото од минатата сезона.
  • Забрането е да се делат во групи во соблекувалната.
  • Младите играчи ќе добијат шанса да се докажат, па дури и да изместат дел од стартерите во составот.
  • При изборот на стартните единаесетмина нема да го земе предвид статусот на ѕвезда и големите плати на играчите. Единствено важен е настапот на секој фудбалер на тренинзите.

Со овие правила, Тен Хаг се надева дека целосно ќе го промени лицето на тимот и ќе ја врати хармонијата во соблекувалната. Првичните повратни информации од неговата работа се позитивни, но останува да се види дали ќе го даде посакуваниот резултат.