Connect with us

Тајмаут

Нови правила за спортистите, ако пушат марихуана ќе се соочат со мала казна!

Светската анти-допинг агенција најави дека од први јануари следната година ќе важи нов правилник за казнување за сите спортисти кај кои се докаже дека користеле така наречени рекреативни наркотични средства.

Според новата одлука наместо досегашната суспензија од две години, спортистите ќе добијат забрана за настап во период од еден до три месеци.

ВАДА конечно успеа да ја реализира најавата за измени во казнената политика и по темелни анализи во последниве две години донесена е најновата одлука.