Connect with us

Фудбал

Нови проблеми за Вардар, загуби спор за фудбалер со тим од Литванија

Покрај тоа што е во неизвесна ситуација по повлекувањето на Сергеј Самсоненко, во големи долгови и несигурна иднина, нови проблеми за фудбалскиот клуб Вардар. Судската „битка“ која траеше три години во Абитражниот суд во Лозана заврши.

Вардар го загуби спорот со литванскиот тим Тракаи за фудбалерот Максим Максимов.

Првите луѓе на тимот тврдат дека во 2017-та година Максимов заминал во Вардар иако имал незавршени обврски со Тракаи. За него интерес имало од тимови од Чешка, Словачка и Полска. Токму поради овој спор, Вардар немаше право на трансфери во два преодни рока. Четиримесечна суспензија имаше и за фудбалерот.

Според пресудата Тракаи треба да добие оштета од 150 илјади евра, но останува прашањето кој ќе ги плати тие пари, кога според непотврдени информации Вардар должи по неколку основи околу 2 милиони евра.