Connect with us

Фудбал

Новинар го обвини Нејмар дека пијан доаѓал на тренинг, Бразилецот сега го „спушти“ на земја

Новинарот на француското радио RMC, Даниел Риоло неодамна изјави дека Нејмар на тренинг доаѓа пијан.

Ситуацијата во парискиот клуб е незавидна. По испаѓањето од Лигата на шампионите и поразот од Монако во Лига 1, атмосферата во ПСЖ е многу напната. И медиумите и навивачите имаат многу негативно мислење за тимот од француската престолнина.

Маслото на огнот го додаде Даниел Риоло, кој пред неколку дена напиша: „Нејмар едвај тренира, пристигнува во мизерна состојба, на работ на пијанство“.

Во неделата, ПСЖ беше домаќин на Лориен и победи со високи 5-1, а Нејмар постигна два гола, негови први погодоци од 13 март. Бразилецот по натпреварот на брилијантен начин му одговори на новинарот на неодамнешните тврдења дека тренира пијан.

Тој на Инстаграм објави видео од својот гол од неделниот натпревар со опис: „Бев пијан и тоа функционираше“.

ПСЖ и покрај падот на формата, самоуверено оди кон уште една титула. Неколку грешки во последно време не ја влошија нивната ситуација на табелата.

Моментално се на првото место и 12 бода пред Марсеј, кој беше втор.

Бразилецот Нејмар на 22 натпревари досега постигна седум гола.