Connect with us

Фудбал

Новинар тврди: Подгответе се за „земјотрес“, Меси заминува од Барселона, познат и неговиот нов клуб

Иако и минатата сезона имаше шпекулации дека најдобриот на Барселона ќе замине, сепак таквите информации не се обвистинија. Сега, повторно иста приказна, но авторите на ваквите „ексклузиви“ се различни.

Имено, новинарот на Фокс Америка Кристијан Мартин објави дека Лионел Меси нема да го продолжи договорот со каталонскиот тим и дека по истекот на договорот заминува. Договорот му е со важност до 2021година, а наводно Аргентинецот ќе го одработи до крај и потоа ќе ги смени клупските бои.

-Моите извори од Каталонијa, но и од Англија ми потврдија. Меси заминува од Барселона и се сели во Манчестери Сити, трансферот е реалност, објави новинарот.

Секако ќе треба да почекаме до 2021 година да видиме дали Меси повторно ќе работи со Гвардиола, но овој пат во Манчесте.р

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама