Фудбал
Новинарот го праша Чави за Левандовски, а тој веднаш го смени изразот и одговори
Чави Ернандез денеска одржа прес-конференција пред утрешниот реванш од четвртфиналето на Лига Европа меѓу Барселона и Ајнтрахт Франкфурт.
На првиот натпревар одигран минатата недела во Франкфурт резултатот беше 1:1 и јасно е дека Барселона е голем фаворит за на крајот да се пласира во полуфиналето на ова натпреварување.
Чави денеска одржа прес-конференција во просториите на каталонскиот клуб пред овој натпревар и очекувано таму се собраа голем број новинари.
Еден од нив на прес-конференција го праша Чави каква е ситуацијата со Роберт Левандовски и дали е вистина дека Барселона веќе го договорила неговиот трансфер летово.
Сепак, Чави не беше расположен да зборува за Левандовски и медиумските шпекулации, па веднаш го промени изразот кога го слушна прашањето, но реши кратко да одговори.
„Мислам дека не е вистинско време да зборуваме за тоа. Фокусирани сме на утрешниот натпревар и нема да разговараме за можни засилувања“, кратко прокоментира тренерот на Барселона.
Чави потоа се фокусираше на утрешниот натпревар и уште еднаш изјави дека целта на Барселона е на крајот да ја освои Лига Европа.
„Клубот никогаш не ја освоил Лигата на Европа и наша задача е да го освоиме овој трофеј поради нашите навивачи. Ова е Барселона, притисокот е секогаш тука и императив е да одиграме добар натпревар и да победиме. Мораме да бидеме совршени и не смееме да гледаме назад на претходниот натпревар. Освојувањето на овој трофеј е важно не само за мене, туку и за играчите“, додаде тој.
За потсетување, натпреварот помеѓу Барселона и Франкфурт се игра утре на стадионот „Камп Ноу“ со почеток од 21 часот.