Connect with us

Фудбал

Новиот менаџер на Челзи: Мојот однос со Лигата на шампионите досега беше само на ниво на обичен фудбалски навивач

Дебито на Греам Потер на чело на Челзи ќе биде и првиот натпревар на новиот менаџер на „сините“ во Лигата на шампионите како тренер, играч или обичен навивач, призна тој самиот на прес-конференција пред средбата со Р.Б. Салцбург.

Запрашан дали некогаш гледал натпревар од најпрестижното клупско натпреварување во живо, Потер рече: „Мислам дека не. Мојот однос со Лигата на шампионите до сега беше само на ниво на обичен фудбалски навивач“.

Потер ја презеде одговорноста за двократниот победник во Лигата на шампионите по отпуштањето на Томас Тухел, кој го освои вториот трофеј за сините во 2021 година. Германецот се мачеше оваа година и беше принуден да замине по поразот од Динамо Загреб со 1-0. Во групата Е е и Милан.

47-годишниот Англичанец нема историја на европските турнири како фудбалер, но како менаџер веќе има успеси.

Имам искуство во Лига Европа со Естерсунд, каде победивме на гостувањето кај Галатасарај, па дури и излеговме од групната фаза“, изјави Потер, кој помина седум години во шведскиот клуб.