Connect with us

Фудбал

Њукасл ангажираше адвокати, ќе ја тужи Премиер лигата

Њукасл, 14 септември 2020 (МИА) – Сопственикот на Њукасл, Мајк Ешли веќе ангажираше двајца водечки адвокати за да ги бранат интересите на клубот во битката со Премиер лигата.

Уште минатата недела, од „Сент Џејмс Парк“ издаде соопштение директно обвинувајќи ја Премиер лигата за неуспешниот договор со саудиските инвеститори.

Во исто време, Њукасл рече дека ќе ги бараат своите права на сите можни начини. Премиер лигата ги негираше обвинувањата, велејќи дека зделката е се уште можна доколку засегнатите страни ги обезбедат сите потребни информации.

Ешли исто така директно го обвини извршниот директор на лигата, Ричард Мастерс. Очигледно разочараниот сопственик на Њукасл, кој загуби 300 милиони од Саудијците, нема намера да запре тука и има сериозни намери да започне судска битка.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com