Фудбал
„Њукасл би можел да го пренесе Бејл доколку го добијат Почетино“
Димитар Бербатов силно верува дека ако Њукасл Јунајтед го Маурисио Почетино за тренер, тогаш шансите се многу големи дека Герет Бејл ќе му се придружи.
Одамна е објавено дека клубот е близу до продажба вредна 300 милиони евра и новите сопственици сакаат да инвестираат многу за да го подигнат Њукасл веднаш на повисоко ниво.
На Почетино се гледа како кандидат број еден да седне на клупата и ако тоа се случи, би можел да оди и Бејл, кој не е среќен во Реал Мадрид.
„Ако гласините се вистинити и Њукасл бара да го именува Маурисио Почетинтон, тоа ќе биде фантастичен потег за тимот“, рече тој.
„Постојат шпекулации за Герет Бејл, кој беше поврзан со клубот. Сигурен сум дека Њукасл сака да го изгради тимот со тоа што носи големи имиња и со Почетино на клупата, сопствениците треба да гарантираат големи набавки.“