Connect with us

Фудбал

Њукасл ги претстави дресовите за викендов кои се вистинска „бруталност“: Изгледот ве остава без зборови

Во викендот зад нас стартуваше новата сезона во англиската Премиер лига.

Њукасл во првото коло го совлада Нотингем Форест со 2:0.

Со сигурна игра, страчките покажаа дека имаат високи амбиции оваа сезона со богатите сопственици и неколку одлични засилувања.

Сепак, изненадувањата не престануваат на „Ст. Џејмс Парк“.

Денеска Њукасл ги претстави новите дресови кои подеднакво ги фасцинираа навивачите и фудбалските фанови.

Посебно внимание привлекува предниот дел од дресот, каде што се наоѓа Ст. Џејмс Парк и дел од знаменитостите на градот, кои дефинитивно ќе бидат посебен дел на дресот.

Њукасл веќе овој викенд би требало да игра во новите дресови.

Во второто коло од Премиершип, Њукасл гостува кај Биргтон, кој во првиот меч го изненади Манчестер Јунајтед и победи со 1:2.

Нема сомнеж дека на тој натпревар не очекува исклучително интересен фудбал.

Споменатиот натпревар се игра во сабота на 13 август со почеток во 16 часот.