Connect with us

Фудбал

Њукасл го промовираше засилувањето, тој стана најскапиот Италијанец

Сега и официјално Сандро Тонали е новиот фудбалер на Њукасл. Тонали потпиша петгодишен договор со Њукасл и е првото засилување за Еди Хау ова лето.

Тонали беше дел од тимот на Милан кој годинава играше во полуфиналето на Лигата на шампионите, а кариерата ја започна во Бреша каде на 17 години дебитираше во Серија Б. Тој пристигна во Милан во летото 2020 година на позајмица, а Милан го откупи неговиот договор една година подоцна.

Иако клубот не потврди, како што клубовите никогаш не прават, трансферот е вреден 70 милиони евра, а Тонали ќе заработува седум милиони евра годишно плус бонуси.

„Сакам да му се заблагодарам на Њукасл што ми даде одлична можност во кариерата. На таа доверба сакам да и се оддолжам на теренот каде што ќе дадам се од себе, како и секогаш“, изјави Тонали во својата прва изјава.