Connect with us

Фудбал

Њукасл ќе извиси нема да има дрим-тим, саудискиот принц се врти кон Италија?!

Дали е на повидок ново разочарување за фановите на Њукасл. Во изминатиот период англиските медиуми објавија дека овој тим наскоро добива нов сопственик, саудискиот принц и престолонаследник, Мохамед бин Салман. Беше објавено дека за 300 милиони фунти го купил клубот, а веќе почнаа да се најавува дрим-тимот на Њукасл.

Но, најновите информации кои ги објави „Мирор“ велат дека целата работа може да пропадне.  Документите за договорот беа доставени на одобрување до раководството на Премиер лигата пред повеќе од пет месеци, по што, сепак, имаше затишје заради големото јавно незадоволство. Саудиска Арабија е обвинета за злоупотреба на човековите права. Клубовите исто така не се ентузијасти за појава на ново лице на фудбалскиот пазар.

Според публикацијата, ситуацијата е на пат да ја искористи италијанска Серија „А“, а особено тимот на Рома. За претседателот на „волците“, Џејмс Палота се шпекулира дека контактирал со Саудијците за да им го понуди тимот.

За таа цел, Американецот ги искористил услугите на инвестициската банка „Голдман Сакс“, каде се свесни за тешкотиите на принцот на Островот и му понудиле опција со Рома.