Connect with us

Фудбал

Њукасл пред нос им краде засилувања на Манчестер Јунајтед и Челзи

На Островот постојано се пишува за потенцијални засилувања на супербогатиот Њукасл Јунајтед.

Според информациите кои ги пренесува „The Sun“, „Страчките“ фрлиле око на играчот од средниот ред на Марсеј, Бубакар Камара.

Тој е на мета на Челзи и Манчестер Јунајтед и го чека летото за да го доведе како слободен играч, со оглед на тоа што договорот му истекува на крајот од сезоната.

Сепак, Њукасл планира да му понуди на Марсеј десет милиони евра и да ја подобри платата на играчот. Клубот од Велодром дефинитивно би го прифатил ова со ентузијазам, наместо да го пушти Камара бесплатно на крајот од сезоната.

Тренерот на Њукасл, Еди Хау, им порача на клупските челници дека му требаат играчи со искуство да играат во Англија, но дека нема да има ништо против 22-годишниот Французин да пристигне на „Ст. Џејмс Парк“.

За Марсеј оваа сезона одигра 20 натпревари и постигна еден гол. Да потсетиме, кариерата ја започна во овој клуб и ова би бил негов прв трансфер во кариерата.

Со доаѓањето во Њукасл се поврзуваат и Александар Лаказет, Душан Влаховиќ, Одион Игало, а неодамна излезе веста дека „Страчките“ сакаат да го доведат и Един Џеко.