Connect with us

Фудбал

О’Шеј се збогуваше со репрезентацијата

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, а сега член на Сандерленд Џон О‘Шеј ја заврши неговата репрезентативна кариера.

Една од најголемите легенди на националниот тим на Република Ирска одлучи дека е време да стави крај на неговата репрезентативната кариера на 37-годишна возраст.

„22 години ја претставував својата земја (17 во сениорска конкуренција), можам да кажам дека со комбинација на тага и среќа  за последен пат дресот на Република Ирска ќе го облечам на 2 јуни на стадионот Авива“, рече О’Шеј.

„Ова беше одлично искуство, но морам да кажам дека е дојдено време да се повлечам и да го отстапам местото на генерациите кои доаѓаат. Ми беше голема чест да бидам дел од сето ова“.

О’Шеј во текот на неговата кариера забележа 117 настапи за националниот тим и играше во две европски првенства.