Фудбал
Обамејанг првпат се појави во јавноста по суспензијата, а еден детал веднаш го забележаа сите
Микел Артета одлучи да го суспендира Пјер-Емерик Обамејанг поради прекршување на дисциплината.
Обамејанг беше казнет поради доцнењето на тренингот на лондонскиот клуб минатиот петок, поради што Артета реши извесно време да не биде дел од првиот тим.
Габонецот пропушти два претходни натпревари на Арсенал, а потврдено е дека нема да биде во составот против Лидс ниту овој викенд. Исто така, Артета реши да му ја одземе капитенската лента.
Арсенал објави дека Обамејанг задоцнил на тренингот во петокот бидејќи останал во Франција подолго отколку што клубот му дозволил.
Тој отпатувал во Франција поради болеста на мајка му, но не се вратил кога било планирано. Исто така, објавена е фотографија на која Обамејанг се тетовира и многу англиски медиуми објавија дека поради тоа доцнел на враќање во Лондон.
Ова многу го налути Артета, кој реши да го суспендира напаѓачот на Арсенал, па не се знае кога повторно ќе биде во составот.
Обамејанг денеска по сите случувања првпат се појави во јавност и беше јасно дека не е премногу расположен. Исто така, она што го привлече вниманието на многумина е тоа што на тренинг дојде 90 минути порано од соиграчите.