Поврзи се со нас

Фудбал

Обамејанг во Италија „влетал“ на теренот, играл фудбал, го платил терминот, па им поделил дресови

Напаѓачот на Арсенал, Обамејанг зад себе има одлична сезона, па се чини дека ќе остане на „Емирати“ уште некоја година, иако се шпекулира дека би можел да замине.

Тој повторно се најде во центарот на вниманието, но не поради шпекулациите за трансфер, туку поради неговото однесување. Имено, Обамејанг е на одмор во Италија. А, како што пренесуваат медиумите, повикувајќи се на фотографии од социјалните мрежи, тој одлучил да „влета“ на теренот додека неколкумина играле фудбал на мал терен. Заиграл со нив, а потоа дури и им го платил терминот, но им поделил и дресови.

Тоа се случило во фудбалскиот центар Вареса, а интересно е тоа што на тој термин фудбал играле поранешниот белоруски играч Витали Кутузов, кој живее во близина, како и раперот Фабио Рицо.

Токму Кутузов објави фотографија на Инстаграм.

 

Advertisement

Facebook

Реклама