Connect with us

Фудбал

Обезбеден потписот на Де Јонг

Актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, најверојатно ќе излезе како победник во трката по потписот на стандардниот првотимец во дресот на холандскиот прволигаш Ајакс, Френки де Јонг.

Новопечениот репрезентативец на Холандија го привлече вниманието на најбогатите европски клубови, но според француските медиуми, “светците” ја добиле трката по неговиот потпис.

Раководните лица на Ајакс се подготвени да седнат на преговарачката маса, но официјалната понуда не смее да биде помала од 75 мил. евра.