Connect with us

Кошарка

Обична фотографија со кошаркар на Барселона може да биде кобна за Новак

Новак Ѓоковиќ во вторникот ги бодреше кошаркарите на Црвена звезда против Барселона.

Откако евролигашкиот дуел им припадна на гостите од Шпанија, многу играчи на Барселона сакаа да се сликаат со Новак Ѓоковиќ, што не е чудно со оглед на светската популарност на најдобриот тенисер во светот.

Сепак, една од сликите би можела да го чини Ѓоковиќ. Имено, кошаркарот на Барселона со кој позираше Најџел Хејс Дејвис е позитивен на коронавирус.

Сите други играчи на Барселона се негативни на тестирањето за коронавирус, освен Хејс-Дејвис, кој мораше да оди во изолација.

Инаку, Новак треба да настапи на Австралија опен, но тоа е под знак прашалник бидејќи не е вакциниран.

Сепак, се верува дека Србинот ќе добие дозвола за настап на турнирите во Австралија.