Connect with us

Кошарка

Објавен извештајот за несреќата во која загина Коби Брајант, има 600 страници, виновникот посочен!

По нешто повеќе од една година, обелоденет е официјалниот извештај за падот на хеликоптерот на 26-ти јануари 2020-та, несреќа во која загина Коби Брајатн, неговата ќерка и уште седум други лица, како и пилотот.

Истражителите утврдиле дека вината за падот на хеликоптерот ја има исклучиво пилотот, кој полетал и се вивнал во облаците, иако тоа било забрането со закон.

Исто така во извештајот објавен на 600 страници се наведува дека пилотот најверојатно ја загубил ориентацијата, непосредно пред самиот удар во планината. Немало никакви механички дефекти на хеликоптерот, а по овој извештај се очекува и препорака на Федералната агенција за авијација на САД со цел да се  спречат вакви несреќи во иднина.

-Ридскиот терен во комбинација со просторната дезориентација на пилотот во облаците бил збунувачки фактор. Пилотот не знаел по кој пат тргнал, изјавил главниот истражител Бил Инглиш.