Connect with us

Други спортови

Објавен календарот за новата сезона во Формула 1, Виетнам остана без трка

Пред трката за Големата награда на Турција, челниците на Формула 1 одлучија да го објават прелиминарниот календар на трките за следната сезона.

Формула 1 денес го објави календарот на трки за следната сезона на кој ќе има 22 или 23 трки. Имено, Виетнам остана без трка затоа што беше откажан поради проблеми со организаторот, а сè уште не е познато дали трката ќе се вози во времето предвидено за Виетнам или календарот ќе се намали на 22 трки.

Како и секогаш, сезоната ќе започне во Мелбурн во трката за Големата награда на Австралија. Оваа трка, која ќе го означи почетокот на сезоната, е планирана за 21 март, освен ако повторно не се појават некои проблеми, како оваа сезона предизвикани од пандемијата на корона.

Веројатно, наместо Виетнам, некои земји од Европа ќе ја добијат организацијата, а во борба се Италија (Имола), Португалија (Портимао) и Турција (Истанбул). За прв пат ќе ја гледаме и трката за ГН на Саудиска Арабија, која е претпоследна во календарот.