Фудбал
Објавени деталите од договорот на Кутињо и како Ливерпул ќе ги заработи останатите 40 милиони евра
Кутињо од 06.01.2018 е играч на Барселона за 160 милиони евра. Сагата околу неговиот трансфер конечно заврши.
Клаузулата на Кутињо изнесува 400 милиони евра, а неверојатна операција со дебел плус реализираше англискиот гигант, кој го доведе Кутињо од Интер за 10 милиони евра.
Англискиот весник “Гардијан” откри како се распределени договорените 40 мил. евра кои се дефинирани како дополнителен бонус од Барселона за Ливерпул.
– 5 мил. евра Ливерпул ќе заработи откако Кутињо ќе одигра 25 натпревари за Барселона.
– 20 мил. евра Ливерпул ќе заработи откако Кутињо ќе одигра 100 натпревари за Барселона.
– 10 мил. евра Ливерпул ќе заработи доколку Барса обезбеди пласман во ЛШ.
– 5 мил. евра доколку Барса го освои трофејот во Лигата на шампиони.
Поради актуелната повреда, Кутињо можно е да одигра само 19 натпревари во Примера дивизион, но Бразилецот можно е да одигра шест натпревари во Купот на Шпанија и на тој начин ќе биде активирана првата клаузула.
Третиот услов е практички веќе исполнет затоа што Барса е лидер во Примера дивизион и сигурно ќе обезбеди пласман во Лигата на шампиони. Судејќи според моменталната форма, каталонскиот гигант има реални шанси за да го освои пехарот во најпрестижното клупско натпреварување. Ако се исполнат овие три услови, Ливерпул веќе до лето ќе заработи дополнителни 20 мил. евра.