Connect with us

Кошарка

Објавено првото видео од кобниот лет на Коби Брајант и ќерка му

Откако пилотот бил предупреден дека лета премногу ниско, трганл кон планините во Калабасас и повторно се загубил во густата магла. Поради тоа врската со пилотот целосно се изгубила, а подоцна хеликоптерот удрил во планина и се запалил.

Два дена по трагичната несреќа на социјалните мрежи се појави снимка од хеликоптерот на Брајант, непосредно пред несреќата. Како што можете да видите на видеото, хеликоптерот практично кружи, а пилотот не знае што да прави. Како што изјавил човекот кој го постирал постот, снимката е направено точно 31 минута пред несреќата, а воедно не ни знаел дека го снимал хеликоптерот со кој летал Коби Брајант и уште осуммина.