Connect with us

Фудбал

Очаен со Сари, Јувентус го враќа Алегри

Италијанските медиуми објавија дека Јувентус би можел да го отпушти Маурицио Сари, а на негово место би можел да се врати Масимилијано Алегри, кој сè уште има договор со клубот.

Актуелниот шампион на Италија беше поразен со 2:1 од Верона во саботата, регистрирајќи го својот трет пораз во Серија А, по Лацио и Наполи.

Ова му овозможи на Интер да ги помине „Бјанконерите“ и да застане на врвот на табелата.

Сари беше доведен во клубот за да му даде попривлечен стил на игра на веќе доминантниот тим на Јуве, при што челниците на клубот се надеваат дека ова ќе им служи и во Лигата на шампионите.

Сепак, покрај послабите резултати од Алегри, Сари покажа и мали знаци на неговиот стил на игра, исто така.

Според „Ла Репблика“, група во клубот повика Алегри да се врати, при што и самиот претседател Андреа Ањели не е целосно убеден од досега прикажаното од Сари.

Алегри сè уште има договор со Јувентус, откако беше отпуштен во јуни и покрај тоа што освои пет титули во Серија А во низа.