Connect with us

Фудбал

Очајнички обиди на ПСЖ да го задржи Мбапе, поради овој потег на Покетино ваквите клубови се нарекуваат „вештачки“

Францускиот скапоцен камен, Килијан Мбапе допрва треба да го продолжи договорот со ПСЖ, а големи се шансите да не го направ тоа.

Како што наближува летото, се погласни се најавите дека тој ќе потпише за Реал Мадрид, но ПСЖ не се откажува од желбата да го продолжи договорот и да го задржи во француската престолнина.

„Го сакаме најдоброто и за клубот и за самиот Мбапе. Најдобро за ПСЖ е да остане, но најдобро е и за него да остане“, изјави францускиот тренер Маурисио Покетино, кој потоа најави очајнички потег.

„Размислувам да му ја дадам капитенската лента на утрешниот натпревар против Клермон.

Да потсетиме, Мбапе пристигна во ПСЖ од Монако во летото 2017 година и беше трикратен шампион на Франција со парижаните, но следен предизвик е Лигата на шампионите. Во 2020-та беа поразени од Баерн Минхен во финалето, а оваа година елиминирани се од Реал Мадрид во осминафиналето.