Фудбал
Очекувано: Го одложија целото премиерлигашко коло
Премиер лигата официјално објави дека се одложува целото 7. коло во елитното првенство на Англија. Причината е смртта на кралицата Елизабета Втора.
Натпреварите кои ќе се играат викендов и понеделник нема да се одржат според предвиденото. Ова со официјален став го соопшти англиското првенство.