Други спортови
Очи полни со солзи и шокантни изјави: Длабоко погоден, Медведев прави радикален потег
Во епскиот натпревар од финалето на Австралија опен, Данил Медведев загуби од Рафаел Надал со 3:2 во сетови.
Натпреварот во Род Лејвер Арената траеше повеќе од пет часа, Русинот имаше предност од два сета, но на крајот загуби. Покрај Надал, еден од најдобрите тенисери на денешницата во текот на целиот меч водеше вербална војна со австралиската публика.
Русинот неколку пати разговараше со судијата на натпреварот за да ја предупреди публиката. Некои од навивачите ги нарече и идиоти, видно револтирани од нивното однесување, особено во моментите кога натпреварот беше прекинат.
Длабоко погоден и видно разочаран од тоа како публиката во Мелбурн се однесуваше кон него по натпреварот, пристигнаа по малку шокантни изјави според кои Медведев се подготвувал за радикален потег.
? Душераздирающие интервью такого настоящего Дани Медведева.
Когда ребенок перестал мечтать ? pic.twitter.com/YhNrjYS2C3
— Eurosport.ru (@Eurosport_RU) January 30, 2022
„Само ќе кажам нешто за моментите кога момчето престана да сонува. Тој беше еден од нив денес. Нема да кажам зошто…“ рече Данил и продолжи:
„Од сега па натаму, играм за себе и за моето семејство… За да заработам за семејството. За луѓето кои веруваат во мене и за Русите затоа што верувам дека имам поддршка таму“.
„Ако има натпревар на тврда подлога пред Ролан Гарос и Вимблдон, јас ќе одам таму, дури и ако тоа значи дека треба да го пропуштам Роналд Гарос или Вимблдон или било што…“
“Момчето престана да сонува. Момчето ќе си игра за себе и тоа е тоа – тоа е мојата приказна”.
Медведев без сомнение е еден од најдобрите тенисери на денешницата, а неговото неиграње на најголемите турнири на денешницата сигурно би ја намалило нивната вредност.