Connect with us

Фудбал

Од Англија до Португалија, ова се трите цели на Милан во јануари

Милан и Брентфорд сакаат да го потпишат напаѓачот на Арсенал, Фоларин Балогун, пренесува „Дејли меил“. „Топџиите“ веќе ја одбија понудата од 5 милиони фунти од англискиот состав за 18-годишникот овој месец. Милан сега е подготвен да се приклучи во трката за Балогун, со тренерот Стефано Пиоли кој чека да обезбеди одредено засилување пред крајот на јануари.

Милан, исто така го бара поранешниот дефанзивец на Евертон, Антоне Робинсон. „Сан“ го потврдува ова. Клубот во Серија А е подготвен да понуди 10 милиони фунти за 22-годишниот фудбалер. Наводно, Виган е подготвен за прифаќање на понудата. Робинсон оваа сезона оствари 28 настапи во лигата, откако минатата сезона се појави на позајмица. Третиот играч на радарот на „црвените“ е играч од средниот ред.

Поточно, 20-годишниот Флорентино на Бенфика, пренесува „Спорт Медијасет“. Португалецот оваа сезона има одиграно 13 натпревари за составот од Лисабон. Тој има договор со португалскиот клуб уште четири години. Флорентино има клаузула за ослободување од 100 милиони евра, но Милан се обидува да разговара со Бенфика и да ја намали таа бројка.