Connect with us

Фудбал

Од Барселона објаснија зошто единствено Дембеле не бил на тестирањето

Фудбалерите на Барселона денес се тестирани за коронавирус и треба да започнат со тренинзите во петок.

Членови и играчи на првиот тим на Барселона пристигнаа денес во тренинг-кампот каде изведоа тестирање и лекарски прегледи. На крајот на краиштата, Антоан Гризман потврди дека ќе ги знае резултатите утре, и треба да започне со тренинзи во петок.

Шпанските медиуми објавија дека Усман Дембеле е единствениот кој не бил тестиран и за многумина не им било јасно каде е. Дембеле е познат по тоа што често доцни на тренинг, па се сомневаа дека тој повторно направил грешка.

Сепак, на крајот на краиштата, од каталонскиот клуб објаснија зошто францускиот фудбалер не се тестираше. Имено, тој нема право да игра до крајот на сезоната, поради што клубот сметаше дека нема потреба да доаѓа во просториите на клубот.

Дембеле ќе биде надвор од теренот пет месеци поради повреда, но наскоро ќе се врати во акција. Сепак, тој нема право да се појави на теренот бидејќи Барселона добила посебна дозвола да донесе засилувања надвор од преодниот рок поради неговата повреда.

Мартин Брајтвајт пристигна како замена за Дембеле и го зазеде своето место со што Французинот веќе нема право на игра оваа сезона.