Фудбал
Од „Бернабеу“ до „Камп Ноу“, Барса се договори со Асенсио
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио ги договорил условите со Барселона и на лето ќе пристигне на Камп Ноу како слободен играч, пренесува RAC1.
26-годишниот фудбалер има договор до крајот на јуни, но нема намера да го продолжи. Асенсио е уморен да ја чека својата шанса во Реал, бидејќи оваа сезона е резерва и ретко добива шанси да се појави.
Интересот на Барса за него е сериозен и играчот од средниот ред ја прифати неговата понуда. Засега ништо не е црно-бело, но договорот би можел да биде финализиран веќе наредното лето.
Асенсио кажа да на понудата од Каталонците. За него интерес има и од Јувентус, Милан и неколку клубови од Англија, но Асенсио го направи својот конечен избор.