Фудбал
Од бизарна причина, денешниот натпревар во Серија А беше поместен
Натпревареот Верон – Џенова требаше да започнат на 18:00, но беше поместен за 15 минути од една бизарна причина.
Судијата Маријани истакна дека линиите не се најдобро нацртани на стадионот во Верона, па тој побара повторно да се исцртаат, што доведе до одложување на натпреварот кој започна во 18:15 часот.
Беше истакнато дека проблемот е исклучиво во линиите од шеснаесетникот, но Маријани сметаше дека неправилното обележување може да го направи натпреварот нерегуларен, па организаторите требаше дополнително да ги одбележат линиите.
Верона како 13. рангирана екипа во Серија А (22 бода) ја пречека 18. рангираната Џнова со 14 бода.