Connect with us

Фудбал

Од коронавирус почина 25-годишен фудбалер!

Боливискиот фудбал е завиен во црно откако од коронавирус починал 25-годишниот фудбалер Деиберт Франс Роман Гузман, кој играл за второлигашот „ University of Trinidad“.

Неговата смрт е голем удар за неговото семејство, бидејќи неодамна починал и неговиот татко, поранешен претседател на овој клуб, како и неговиот вујко.

Сите тројца се со потекло од областа Бени, во Боливија, која е најпогодена со коронавирус. Ова место брои 420 илјади жители, а има 1.200 заразени и 77 смртни случаи.

Засега не е познато дали овој фудбалер имал други здравствени проблеми, или коронавирусот е директна причина за смрта.