Други спортови
Од квалификации до титула на УС Опен без загубен сет, а има само 18 години!
Ема Радукану ја испиша историјата на женскиот тенис.
Младата британска тенисерка, кој има само 18 години, започна од квалификациите, и го освои УС Опен без да загуби ниту еден сет.
Во финалето на тинејџерите ја победи Канаѓанката со 6:4, 6:3 и заслужено го освои трофејот.
Ова е прв трофеј за Британците по 44 години, а таа стана првата која го освои грен слем трофејот како квалификант.
“Прво, честитки до Лејла и нејзиниот тим за одличниот турнир, таа одигра неверојатен тенис, победи многу врвни играчи. Нивото на нејзината игра беше огромно, се надевам дека ќе имаме уште многу грен слеми и други финалиња. Поминав три недели тука, имав прекрасна поддршка од мојот тренер, агент, од сите дома, ви благодарам на сите за тоа, ви благодарам на сите овде во Њујорк, толку многу ме натеравте да се чувствувам како дома, ме инспириравте во тешките времиња и се надевам дека денес возвратив со добра игра“, рече Радукану.