Фудбал
Од сезона од соништата, до вистински кошмар!
До пандемијата и паузата играше на врвно ниво. Постигна 20 голови во сите натпреварувања, вклучувајќи ги и оние четири на еден меч во ЛШ против Валенсија. Словенечкиот фудбалер за врска Јосип Иличиќ беше еден од најдобрите во италија. Но, одеднаш исчезна. Иако немаше никакви физички проблеми, сепак не беше во состојба да игра.
Пред последниот меч против Интер, се појави информација дека тој заминал во Сливенија. Наводно паднал во голема депресија, поради тоа што ја фатил сопругата како го изневерува.
Имаше доста шпекулации, но одредени медиуми тврдат дека тој во Словенија е со сопругата каде ги смириле работите.
Сепак, неговиот тренер Гасперини вели дека кошмарот за неговиот фудбалер се уште не е завршен.
-Тоа се ситуации кои веројатно можат да се случат на било кого и кога најмалку се надевате. Поради тоа се надевам дека брзо ќе излезе од оваа ситуација и ќе биде истиот играч како некогаш, вели Гасперини, потоа додава:
-Со неговото искуство изгубивме многу. За Лигата на шампионите тешко дека ќе биде подготвен бидејќи веќе извесно време е надвор од теренот. Би било добро да го имаме за следната сезона, вели Гасперини.
Инаку, Аталанта ја имаше сезоната од соништата. Заврши на третото место во Серие А, а се наоѓа во осминафиналето во Лигата на шампионите.