Connect with us

Кошарка

Одби 84 милиони долари од Лејкерс и ја направи грешката на животот

Германскиот кошаркар Денис Шродер (27) направи огромна грешка кога го одби новиот договор што му го понудија Лос Анџелес Лејкерс на почетокот на оваа година.

Екипата на Лос Анџелес на 27-годишниот кошаркар му понуди договор вреден 84 милиони долари за четири сезони, или само 21 милион долари по сезона.

Сепак, Шродер сметаше дека вреди повеќе. Тој ја одби оваа понуда од раководството на Лејкерс и влезе на пазарот на слободни агенти ова лето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dennis Schröder (@ds17_fg)

Се испостави дека е голема грешка. Шродер не привлече голем интерес, а никој не ни помисли да му даде приближен договор како што сакаа Лејкерс.

На крајот, Шродер заврши во Бостон Селтикс со „скромен“ договор од 5,9 милиони долари за една сезона и Германецот дефинитивно направи огромна глупост кога ги одби Лејкерси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dennis Schröder (@ds17_fg)

Денис Шродер е НБА играч од 2013 година. Покрај Лејкерс, играше за Оклахома и Атланта, а во кариерата имаше просек од нешто повеќе од 14 поени по натпревар.