Connect with us

Фудбал

Одби да го продолжи договорот со Реал Мадрид, ПСЖ и Милан се заинтересирани, а тој потполно изненади со изборот на новиот клуб!?

Марко Асенсио е се поблиску до слободен трансфер во Астон Вила. Според Фабрицио Романо, тимот од Бирмингем веќе ја доставил својата понуда до Шпанецот, а Николо Шира открива дека понудата е за 8 милиони евра по сезона со четиригодишен договор. „Марка“ додава дека менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, имал голема улога во убедувањето на Асенсио, кој веќе одлучил дека нема да ја прифати понудата на Реал Мадрид да остане на „Сантијаго Бернабеу“ и по седум сезони во кралскиот клуб, ќе бара уште еден предизвик во неговата кариера.

Пари Сен Жермен, Арсенал и Милан се останатите клубови заинтересирани за шпанскиот репрезентативец. Асенсио најверојатно ќе се збогува со навивачите на Реал на неделниот натпревар на домашен терен против Атлетик Билабао. Ако успее да постигне гол на овој натпревар, ќе го собори својот рекорд за најмногу голови во една сезона. Тој има 12 гола во сите натпреварувања досега оваа кампања.