Фудбал
Одбиен предлогот натпреварите од Серија А да бидат емитувани бесплатно низ цела Италија
Во Серија А во недела и понеделник се играат заостанатите натпревари од 26. коло кои требаше да се одиграат минатата недела.
Натпреварите беа одложени поради коронавирусот, но пред неколку дена беше решено натпреварите да се играат во недела и понеделник пред празни трибини.
Секако, во центарот на вниманието е мечот помеѓу Јувентус и Интер кои се борат за титулата. Останува многу жалење што навивачите нема да можат да присуствуваат на натпреварот, а оваа одлука е на сила до 3 април.
Јавноста во Италија вчера побара од раководството во Серија А натпревари кои се играат пред празните трибини да бидат емитувани низ цела Италија бесплатно, но ваквиот предлог беше одбиен.
„Sky Sports“ и „DAZN“ ги имаат права на Серија А и ја одбија можноста бесплатно да ги емитуваат натпреварите на оние кои не се нивни корисници. Предлогот беше натпреварите да бидат прикажани на „ТV8“, кој е присутен низ цела Италија, но на крајот беше одбиен.